Одбележана годишнина од смртта на Боро Поцков
Со пригодна свеченост, денеска, во малиот градски парк, беше одбележана 36-годишнината од смртта на борецот Боро Поцков – Мирко. На одбележувањето присуствуваа вршителот на должноста градоначалник Костадин Костадинов, претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов и членови на истиот, претставници на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните поддржувачи, претставници на јавни институции и почитувачи на неговото дело. За животот и делото на Поцков зборуваше Соња Чурлинова, претседател на Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ и граѓаните поддржувачи, а револуционерна поезија рецитираа членови на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“.
Од името на општина Струмица пред спомен бистата на Боро Поцков, свежо цвеќе положи вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов.