Отворена фабриката на американски „Адиент“ во Струмица
ТИРЗ Струмица денеска беше официјално пуштена во употреба фабриката за производство на навлаки за автомобилски седишта „Адиент”. Инвестицијата е 20 милиони американски долари и ќе вработи над 1.300 лица.
На отворањето на овој прв објект во зоната премиерот Зоран Заев, американскиот амбасадор Џес Бејли, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и Владимир Тефлик, потпретседател на операции на „Адиент”.
Претседателот на Владата Зоран Заев истакна дела како Влада посветена на евроатлантските интеграции ги отвора можностите и за бизнисот.
– Отворањето на „Адиент” почна пред доаѓањето на новата Влада. И тогаш како градоначалник на Општина Струмица дадов силна поддршка, а и денес го поздравувам отворањето на фабриката кое носи и нови работни места. Сакам да испратиме порака и дека ќе одиме чекор понатаму „Адиент” да остане тука и да продолжи да се развива. Преку реформски процеси ЕУ и НАТО перспективи, со закони и правни регулативи, со нула корупција ќе создадеме услови за нови инвестиции, но и за финансиска поддршка на домашните фирми. Тоа ќе создаде конкуренција која ќе ги придвижи економските процеси, ќе ги зголеми платите, ќе ги подобри условите на работниците, рече Заев.