Откривање на спомен обележје на Видое Подгорец
Денес во ООУ „Видео Подгорец“ – Колешино беше откриено спомен обележјето на еден од најплодните македонски писатели за деца и возрасни – Видое Подгорец.
Видео Подгорец е роден на 8 јуни 1934 година во струмичкото село Колешино. Во родното село завршил основно училиште, а во 1950 година завршил учителска школа во Штип. Подгорец спаѓа во редот на најпопуларните и најплодните македонски писатели кој само во првите десетина години од своето творештво веќе објавил околу триесет книги. Автор е на 108 дела и многумина од критичарите на литературата го нарекуваат Македонски Балзак. Добитник е на големи награди а во 1966 година, за романот „Белото циганче“, Подгорец добил две награди: наградата „Младо поколение“ за нај добра детска книга во Југославија, како и Втората награда на Конкурсот за роман на „Детска радост“.
Починал на 14 април 1997 година во Скопје.