ПАОК “ЕНТУЗИЈАСТ” го организира традиционалниот пролетен марш “Огражден 2017”
Планинарско Алпинистичкиот Ориентационен Клуб “ЕНТУЗИЈАСТ”-Струмица на ден 10.06 – 11.06.2017.(Сабота-Недела) го организира традиционалниот пролетен тмарш “Огражден 2017” на падините на планината Огражден и Ве покануваме на истиот со следната маршута:
Сабота 10.06.2017 год.
Собир и тргнување 09 часот Стар Сувилак-Пилана ,преку Безгаштево до Петлец- Малишевските планини(местото каде на 17.12.1906г. е убиен Даме Груев),1352 м.н.в. враќање туристичка населба Суви Лаки.Должината на патеката околу 27км. Одење 6-7 часа.Спиење туристичка населба Суви Лаки во шатори(секој да си понесе) и дел во викендици.
Недела 11.06.2017 год.
Тргнување од месноста Палазли 1140 м.н.в.во 09:00 часот преку месноста Караџовица 1245м.н.в., Вртешка, Студена Чешма 1415м.н.в., Кадан Чешма 1650м.н.в. и врв Огражден 1746м.н.в.Враќање од врвот Огражден во 13:00 часот преку Каден Чешма, Бела Чешма, Ѓорговски рид, Лазова Чешма, пристигнување во 15:00 часот туристичка населба Суви Лаки. Должината на патеката од Палазли до врвот Огражден изнесува 12 км. или одење 3 часа. Од врвот до Суви Лаки има 6 км. или 2 часа одење.
Може да пријавете учество и двата дена или само еден ден.
Секој учесник на маршот доаѓа на сопствена одговорност и лично си одговара за својата психо-физичка кондиција.Спомен мајца секој може да си купи за 150,ооденари.
Ве известуваме дека истиот период ќе се одржи во месноста Суви Лаки и второто коло од Државното Првенство во Планинарска Ориентација.Сабота ноќно натпреварување,Недела дневно натпреварување.
Организаторот ПАОК “ЕНТУЗИЈАСТ”-Струмица обезбедува:Два ручека за сите учесници. Прибор треба секој да си понесе.Пријавување најдоцна до 09.06.2017.Телефони за контакт: 070/535-688 Васко;077/ 610 602 Наце;070/200-848 Коле; 077/ 984 499 Душко.