Продолжува уништувањето на антипаркинг уредите во градскиот парк
Континуирано, совесно и за лични цели се врши уништување на антипаркинг уредите во градскиот парк. Деновиве е регистрирана ваква појава на две локации во паркот. Најчесто уништувањето на антипаркинг уреди се врши во близина на угостителските објекти, до каде некои граѓани наместо неколку чекори пешки, до нив пристигнуваат со своите возила. Општина Струмица и Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ го осудуваат ваквото однесување и апелираат до граѓаните да престанат со ваквото вандалско однесување и уништување на јавните добра. Градскиот парк е место за пешачење и релаксирање на граѓаните, а не и за движење на моторни возила. Токму поради нив се поставени антипаркинг уредите кои за жал се уште не можат да ја подигнат совеста на некои граѓани своите возила да ги оставаат на места определени за нив.