Одбележан патронатот на ООУ ,,Видое Подгорец“ – Колешино
Денес се навршуваат 20 години од смртта на роднокрајниот писател за деца и возрасни, Видое Подгорец. Да не заборавиме на писателот којшто ги сакаше децата и пишуваше за нив. Во неговото творештво се пронаоѓаат и возрасните, бидејќи сите возрасни некогаш биле деца. Видое Подгорец има напишано преку 100 наслови, а дел од нив преведени на 17 јазици. По тој повод основното училиште „Видое Подгорец“ во Колешино со посебна културно- уметничка програма го одбележа патрониот празник на училиштето, учениците имаа подготвено музички точки и рецитали. По завршувањето на програмата во просториите на училиштето имаше и свечен коктел со домашно подготвени вкусни јадења. На прославата присуствуваше и градоначалникот на општина Ново Село, господинот Блажо Велков.