Се одржа бизнис средба со делегацијата од Електростаљ
Во рамките на четиридневната посета на делегацијата од градскиот округ Електростаљ од Московската област на Руската федерација, вчера, во просториите на домот на АРМ се одржа бизнис средба меѓу членовите на делегацијата и претставници на бизнис заедницата на општина Струмица. Целта на средбата беше продлабочување на економската соработка меѓу Електростаљ и Струмица, размена на нови идеи, искуства и информации во врска со понатамошната соработка, но се разгледуваа и можните проблеми поврзани со извозот и увозот на производи меѓу Македонија и Руската федерација.
На вчерашната средба беше предложено да се организира заеднички саем на претпријатијата од Електростаљ и Струмица на кој тие ќе ги презентираат своите производи.