СДСМ-Струмица реагира на „пресовите“ на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ

Миле Милановиќ од ОО на СДСМ во Струмица на денешната прес конференција со реакција на изјавите на Сашо Милковски од ГРОМ и Зоран Пакетов од ВМРО-ДПМНЕ, дадени на прес конференции.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Почитувани,

Уште еднаш ДПМНЕ и нивните сателити сакаат да ја изманипулираат јавноста и да ги поистоветува криминалите на Груевски со делата на градоначалникот Заев.

Преку ново кршење на закони, уставни права и правни процедури си ги задскриваат своите криминали.

Преку своите мегафони сакаат да ја девалвираат успешноста на Заев и на Општина Струмица.

Граѓаните на Струмица добро знаат како се гради Храмот „Успение на Пресвета Богородица“, знаат колку Заев помага за овој Храм и онаа што требаше да биде наше единство и светост го скрнават безобразно.

Вашите манипулации веќе не проаѓаат. Народот веќе не ви се плаши. За тоа ќе добиете доказ на 17-ти мај, кога народот ќе покаже каде ви е местото – изјави Миле Милановиќ.

Напишете коментар