Промоција на романот„Магијата на Атафу“ од Спасова Марија
Вчера во Домот на Арм младата талентирана авторка Спасова Марија ја промовираше својот прв роман „Магијата на Атафу“. Салата навистина беше претесена за сите оние кои сакаа да присуствуваат на самата промоција. Како што вели и самата авторка не очекувала таква голема бројка од луѓе и навистина е пресреќна што нејзиното првенче доби една преубава промоција. Тимот на Струмица Денес ќе продолжи и понатаму да ги следи блескавите успеси на оваа талентирана струмичанка која допрва ќе се зборува за неа!