Претставници на општина Струмица на работилница „Развивање на индикатори за следење на состојбата со децата жртви на насилство“
Претставници од општина Струмица учествуваа на еднодневна работилница за развивање на индикатори за следење на состојбата со децата жртви на насилство, а во рамките на проектот имплементиран од УНИЦЕФ и Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци. Во обемниот дел на индикатори произлезени од надлежностите на јавното обвинителство, судовите, министерството за внатрешни работи, министерството за труд и социјална политика, министерството за здравство и министерството за образование и наука, посебен осврт беше даден на анализата на состојбата за собирање на податоци за децата жртви на насилство во училиштата. Стручните соработници-психолози од основните и средните општински училишта од општина Струмица и општинскиот просветен инспектор во работниот дел од тематската работилница дадоа свој придонес за воспоставување на единствен систем за евидентирање и проследување на податоците за децата жртви на насилство во училиштата. Оваа работилница е добра насока и за спроведување на концепцијата „Општина по мерка на детето“, со прифатената визија дека Струмица е општина во која децата се рамноправни при донесувањето на одлуките и живеат во безбедна, здрава и незагадена животна средина