Дневен ред за 52-та седница на Советот на општина Василево
Во понеделник, 20.03.2017 година, со почеток во 15,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 52-та седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
Годишен план за обука на административните службеници за 2017 година во општина Василево.
Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2016 година.
Годишен извештај на општина Василево за 2016 година.
Завршна сметка на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за 2016 год.
Давање согласност на Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“ Василево за 2016 година.
Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2016 година.
Завршна сметка на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2016 година.
Завршна сметка на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2016 година.
Полугодишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ Василево за учебната 2016/2017 година.
Полугодишен извештај за работата на ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала за учебната 2016/2017 година.
Предлог – решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево.
Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2017 година.
Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево.
Предлог-одлука за одобрување на финансиски средства.
Предлог-одлука за доделување на награда на наставник Горица Русева поради постигнати посебни резултати во наставно – образовниот процес.
Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување во бесправниот објект – индивидуална станбена куќа на к.п бр. 2275 во КО Пиперево.
Предлог-одлука за именување на в.д директор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
Донесување на одлука по барањето за добивање на финансиски средства поднесено од МПЦ- Одбор на храмот Св. Ѓорѓи, с. Пиперево.