Градежни активности во Висока Маала
Во населеното место Висока Маала во тек се градежни работи на две улици. Како што информираше градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој денес беше во Висока Маала, моментално се работи на подготовка на улиците за асфалтирање. Во тек е нивно рамнење, насипување и тампонирање по што во најбрзо време активностите ќе финишираат со асфалтирање.
Станува збор за две улици, на две различни локации, од кои едната е со должина од 170 метри а другата 85 метри. Двете улици се широки по околу 3 метри, односно максимално колку што дозволуваат условите на терен.
Активнсотите се одвиваат паралелно и на двете улици.
Градежните работи ги изведува компанијата „Жикол“ со која општина Василево има потпишано договор и за порамнување на јавна површина во ова населено место каде со средства од АМС ќе се гради кошаркарско игралиште.