XII „Роднокрајни поетски средби“ во Струмица
На 14 март, 2017 година (вторник), во кафе бар „Селект“, здружението за развој на
 култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ ги организира
 дванаесетите по ред „Роднокрајни поетски средби“.
 
 Станува збор за поетска манифестација која веќе редовно се одржува на различни локации во
 Струмица и струмичко и истата има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема
 уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Секој што
 пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, во иднина оваа
 манифестација ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се
 претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, stand up, слем поезија, free style
 изразување, MC-a и што уште не. Да се биде отворен кон сите нови форми на интерпретација е
 од исклучителна важност, со проширувањето на кругот на учесници ќе се создаде уште
 поширокогледа платформа.
 
 Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и
 10тина етаблирани поети од Македонија и странство.
 
 Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање,
 презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од
 Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го
 направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан
 од оние кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску
 до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо. 

