НОВУС и АИМ склучија меморандум за соработка
Здружението НОВУС од Струмица претставувано од претседателот Ѓорги Тасев и
Асоцијацијата за интернационална мобилизација (АИМ) претставувано од претседателот
Никица Бачовски од Виница денес склучија меморандум за соработка.
Воедно, тие се обврзаа нивните заеднички активности и дејствувања да бидат
базирани во 4 сегменти и тоа:
•Млади и младински активизам
•Добро владеење и владеење на правото
•Децентрализација
•Промоција на човекови права
Со овој меморандум, покрај реализацијата на заеднички активности, здруженијата
се обврзаа да разменуваат искуства и знаења, да аплицираат на заеднички проекти и да
придонесат заеднички со целиот свој капацитет за јакнење на граѓанското општество како
коректив на работата на властите.