Здруженијата и фондациите кои ќе аплицираат по Јавните повици да ги почитуваат правилата и упатствата
Јавните повици за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите од општина Струмица за оваа 2017 година кои беа објавени на втори март ќе бидат отворени за аплицирање до 17 март. Станува збор за Јавниот повик V2 Програма за прибирање Програми од здруженија и фондации од општина Струмица во рамките на Стратегијата за социјална заштита на своите граѓани – Акцискиот план 2015-2020, кои ќе бидат финансирани од Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита и заштитата на децата во 2017 година и Јавниот повик G1 Поддршка за прибирање проекти од здруженија и фондации од општина Струмица во рамките на Стратегиите – Акциските планови за „Локален економски развој на општина Струмица 2016-2020, Култура 2017-2022, Развој на Образованието 2015-2020, Млади 2015-2020, Соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020“, кои ќе бидат финансирани од Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година, од G1 Поддршка на ЛЕР, од буџетот на oпштина Струмица за 2017 година.
Од одделението за локален економски развој на општина Струмица апелираат до здруженијата и фондациите кои планираат да аплицираат, пред да ја почнат постапката посебно внимание да посветат на содржината на Јавните повици, правилата и упатството заради наведените елиминаторни критериуми според кои проектните иницијативи треба да бидат усогласени и јасно да ја потврдуваат определбата од стратешкиот документ, во спротивно нема да бидат земени в предвид.
Посебно се информираат здруженијата и фондациите кои аплицираат по V2 Програмата дека финансиски ќе бидат поддржани приоритетни програмски активности од нивните програми, усогласени и утврдени со Стратегијата за социјална заштита на своите граѓани 2015-2020 година, односно, во апликацијата треба точно да ја наведат приоритетната активност од нивната програма.
За сите дополнителни информации, заинтересираните здруженија и фондации можат да се обратат кај наведеното официјално лице за контакт во Јавните повици објавени на општинската веб страница www.strumica.gov.mk