Камп за млади иноватори и претприемачи
Во рамките на проектот “Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија” во Дојран се одржува Камп за млади иноватори и претприемачи.
Основната цел на Бизнис Центарот преку овој проект e развивање на човечките ресурси и надградување на знаењата на теми поврзани со претприемништво и развивање на иновативниот потенцијал преку обучување на млади лица од Југоисточниот плански регион.
Генерирање на добри бизнис идеи, Креативно размислување, Истражување на пазарот, Маркетинг и иновации, Ослободи ги кочниците – моќта на афирмацијата и визуелизацијата, Како да развиете добар тим – развој на менџерски вештини се само дел од обуките кои се спроведуваат во рамките на кампот.
15 млади ентузијасти ги одредуваат и споделуваат своите идеи со искусни претприемачи меѓу кои Зоран Витанов (Lyoness), Петар Лазаров (МAMA’S), Верица Јорданова ( иновативност.мк).
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува проектот во соработка со Knowledge Center и Министерството за локална самоуправа како финансиски поддржувач.