Подготвен регионален план за интегрирано управување со отпадот

Денеска во хотелот Глигоров се одржа работилница и јавна расправа по нацрт регионален план за управување со отпад и нацрт стратешка оценка на живиотната средина. Тие се во
рамките на проектот „Изработка на Регионален план со десет општински планови
за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион“
финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој за 2016 година.
Носител на активностите за реализација на проектот е Центарот за развој на
Југоисточниот плански регион, партнери се десетте општини од регионот:
Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село,
Радовиш и Струмица, а изготвувач на Планот и Стратешката оценка е компанијата
Градежен Институт Македонија од Скопје. Од таа причина Центарот за развој на југоистокот заедно со Градежниот институт на Македонија подготвија регионален план за интегрирано управување со отпадот Во планот се наеведни три сценарија како можни алтернативни решенија за собирање на отпадот од сите домакинства од југоистокот.


Изработените планови (Регионалниот и општинските) ќе се усвојат од страна на
општинските Совети, по претходна согласност од државниот орган надлежен за
управувањето со отпад. Исто така ќе се изработи петогодишна Програма за спроведување
на Регионалниот план за управување со отпад и едногодишни општински програми за
управување со отпад.
Во рамките на проектот ќе се изработи и Стратешката оценка на животната
средина за Регионалниот План кој документ денес е и предмет на Јавната
расправа

Напишете коментар