ТРИМЕРСКИ РУЧЕК ВО ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица!
Членовите на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица заедно со членките на организацијата Етно Вешта жена од Струмица, организираа заеднички тримерски ручек кој се одржа во просториите на Социјалниот клуб на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица.
Со тримерска посна трпеза, членовите на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица се запознаа со значењето на овој празник и учествуваа во одбележувањето на празникот Тримери. Богатата посна трпеза беше подготвена од страна на родителите на децата и младинците со интелектуална попреченост, како и од страна на членките на Етно Вешта жена.
Настанот потоа продолжи со народни ора, песни и ручек, а членовите на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица одблизу го почувствуваа значењето на празникот и беа дел од оваа долгогодишна струмичка традиција.
На настанот беа претставени и изработените карневалски маски од децата со интелектуална попреченост.
Ви пренесуваме дел од веселата и позитивната атмосфера!