На Чист понеделник на градскиот плоштад се јадеше бел грав
Во рамките на карневалските празнувања, денеска, на Чист понеделник, на плоштадот „Гоце Делчев“ продолжи традицијата на јадење бел посен грав. По благословувањето на посниот ручек од свештениците на Струмичката епархија, честа прв да го проба ја имаше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Заедно со граѓаните бел грав јадеа и претседателот на Советот, Јосиф Христов и членови на истиот, како и членови на Организациониот одбор на струмичкиот карневал кој беше организатор на овој традиционален настан.