Дневен ред за 51-та седница на Советот на општина Василево
Во среда, 15.02.2017 година со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 51-седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
Предлог-одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување.
Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2016 година.
Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2017 година.
Предлог-програма за измена и доплнување на Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2017 година.
Предлог-одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2017 година.
Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2017 год.
Донесување на одлука по барањето за добивање на финансиски средства поднесено од ЛД „Фазан“, Василево.