О.К Вмро Дпмне од Василево со хуманитарна акција за семејството Касовски од Владевци
Денеска трошната куќа на семејството Касовски од село Владевци беше посетена од претседателот на О.К на Вмро Дпмне од Василево, господинот Боби Величковски кој на повик од месното ракводство на партијата заради лошите услови во овој зимски период им донесе прехранбени производи како и огревно дрво за семејството Касовски.
Условите за живот на семејството се тешки и се надеваме со помош на општина Василево и градоначалникот Стојанов ќе изнајдеме можност да се реши овој проблем на оваа семејство преку реновирање на оваа трошна куќа како и да се реши проблемот со приклучок на струја и водовод, изјави претседателот Боби Величковски.