Почина Џорџ Мајкал……
Според првичните извештаи Џорџ Мајкл почина на 53 години, најверојатно од откажување на срцето. Смртта од полицијата се третира како „необјаснета но не и сомнителна“.
Пејачот починал мирно во неговиот дом, објави фамилијата во неделата.
Стотици големи имиња во светот на забавата му оддадоа признание на Мајкл за неговата музика и неговиот придонес во музичкиот бизнис.
Мајкл, чие вистинско име е Јоргос Киријакос Панајото (син на кипарски емигранти) беше пејач, текстописец и музички продуцент. Неговите синглови се продадоа во повеќе од 80 милиони копии, а неговиот деби албум Faith (Верба) од 1987 година се продаде во 20 милиони копиии ширум светот. Првиот сингл од овој албум, I want your sex, беше забранет за емитување на многу радиостаници во Велика Британија и светот поради своите сексулани сугестивни стихови, како што ќе се изрази ББС во тоа време која меѓу првите го забранува овој сингл.
Џорџ Мајк имаше и политички ангажирана музика. За време на владеењето на Маргарет Тачер, тој јавно се декларираше како лабурист. Песната Shoot the dog (Убиј го кучето) беше критична кон вклученоста на САД и Велика Британија во војната во Ирак. Тој и јавно говореше за тоа дека британските граѓани не биле прашани за нешто толку важно како вклученоста во „војната на теророт“. Тој беше активист за човекови права, еднаквост, борбата против сиромаштија.