Обоистот Васил Атансов со концерт ќе одбележи 40 години уметничка дејност
Обоистот Васил Атанасов вечерва, 24 ноември, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе одржи концерт со кој ќе одбележи 40 години уметничка дејност…
Концертот го организира Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) по повод јубилејот на Атанасов кој годинава ја доби наградата „Златна лира“ за животно дело – највисоко признание кое го доделува СМУМ.
Вечерашниот концерт ќе биде последен од циклусот седум концерти.
Атанасов неодамна одржа рецитал во Софија во придружба на пијанистот Тодор Светиев, а имаше и концерти во Скопје, Св.Николе и Делчево.