Промовирана првата локална Стратегија за за унапредување на родовата еднаквост
Денеска на тркалезна маса која што се одржа во домот на АРМ беше промовирана првата локална Стратегија за за унапредување на родовата еднаквост во општина Струмица за периодот 2017 -2020 година. Стратегијата ги потврдува заложбите на општина Струмица за промовирање на еднаквите можности помеѓу мажите и жените и воведување на родово одговорни политики. Истата е подготвена со поддршка на UN Women – тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, а во рамките на проектот „Промоција на родово еднакви политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“.