Во Варварица одбележан историски настан
Вчера, околу двеста граѓани се приклучија на „Маршот до Варварица“ – настан организиран од општина Василево и Сојузот на борците од Струмица, со кој се одбележува формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко. Пред 72 години, на 27 октомври 1944 година, во Варварица, формиран е Првиот околски народно-ослободителен одбор за Струмица и Струмичко. По тој повод општината од своето формирање во 1996 година, секоја година, во соработка со Сојузот на борците од Струмица, организирано ја посетува Варварица и со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која сведочи за историскиот настан го одбележува истиот и им оддава почит на неговите учесници.
По интонирањето на државната химна, читањето на реферат за настанот и полагање цвеќе пред спомен плочата, одбележувањето традиционално продолжува со заедничко дружење на кое годинава во прилог му одеше и убавото есенско време, кое дополнително придонесе барем за еден ден да се врати животот во одамна раселената Варварица.