Асфалтирање во Смолари
Општина Ново Село продолжува со реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2016 година. Во оваа програма е опфатено населеното место Смолари со асфалтирање на една улица во должина од 90 м и ширина на коловозот 3 м. Со асфалтирањето на оваа улица се олеснува движењето на возилата и на пешаците, се овозможува подобра и побезбедна комуникација односно подобар квалитет на живеење на граѓаните. Со оваа програма се опфатени и други населени места во општината.