Децата од Основното училиште Герас Цунев од село Просениково научија како се прави музика

Со подршка од Општина Струмица, Здружението за музика, уметност и култура ХАРМОНИЈА АКОРД Струмица организираше музички работилници за децата од социјално етничките класи.
Во овој проект се опфатени деца на возраст од 6 до 13 години. Целта е да се приближи феноменот на звукот кој се креира на предмети кои не се класични инструменти а од кои произлегува музика.
Од целото наше дружење и заедничка работа произлезе композиција кои самите деца ја подготвија со помош на стручен кадар и на тој начин станаа квалификувани музичари. Музичката композиција денеска ја снимаме во студио, а снимениот материјал ке биде ставен на цд за секавање не децата од овој проект. Следната недела децата ќе изведат перформанс во живо кој ќе биде потполно ново и различно откривање на магијата која звукот и музиката можат да ја создадат во секојдневниот живот. Ние се трудиме преку ваквите проекти да створиме услови преку кои ќе се откриваат нови таленти и секако да им пружиме шанса на овие деца да се развиваат и понатаму. Програмата на овој проект “Децата ја создаваат музиката – Музиката ги создава децата” ќе трае половина час, а ќе се одржи во училишниот двор на ООУ Герас Цунев во село Просениково.
14409621_907706836001407_573199983069870819_o

14425569_907707246001366_4308125739935688077_o

14434856_907707412668016_3883461320995162963_o

14468248_907706986001392_8138721381227996946_o

Напишете коментар