Асфалтирање во Ново Село
Општина Ново во Ново Село продолжува со реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2016 година. Во оваа програма е опфатено населеното место Ново Село со асфалтирање на три улици.
Досега асфалтирана е улицата Јане Сандански во должина од 410 м и ширина на коловозот 5м и банкини по 1м од двете страни на коловозот , а предвидено е асфалтирање и на улиците Сандо Масев и Гоце Делчев.
Со асфалтирањето на овие улици се олеснува движењето на возилата и на пешаците, се овозможува подобра и побезбедна комуникација односно подобар квалитет на живеење на граѓаните.