Реакција на општина Струмица

Реакција на општина Струмица на прес конференцијата на група граѓани на плоштадот

Ја информираме јавноста и граѓаните на општина Струмица за следното:

-факт е дека во Струмица живеат граѓани кои едноставно одбиваат да се соочат ако не со вистината, барем со реалноста околу себе. Но факт е и дека за Градоначалникот на општина Струмица и за сите општински служби, никогаш не престанала грижата за граѓаните и заради тоа истите тие граѓани ги информираме:

-Општина Струмица во согласност со програмата за работа веќе ја има завршено, а впрочем крпењето на дупките е активност која што се реализира преку цела година. Фотографиите кои се прикажани се од поодминат период.

По однос на објектите кои ги има презентирано преку фотографии, Ве известуваме дека со позитивна Одлука на Советот, Општина Струмица веќе има аплицирано до Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, докажувајќи по кој знае кој пат дека е подготвена и спремна, со сопствени проекти во вредност од 10 милиони денари за следните објекти:

-Дом на култура во Просениково
-Дом на култура во Дабиље
-Дом на култура во Вељуса
-Дом на култура во Добрејци
-Дом на култура во Попчево
-Дом на култура во Костурино.

Ја информираме јавноста дека сега државата е на потег.

 

Напишете коментар