Посета на Моноспитовско Блато
Висока Германска делегација од федералната држава Долна Саксонија, предводена од Министерот за животна средина,енергетика и климатски промени Stefan Wenzel денес (22.07.2016.) беа во посета на Моноспитовско Блато.
Целта на оваа посета беше запознавање со природните богатства на Моноспитовско Блато, потенцијалите за одржливо користење на природните ресурси (трска) како био-гориво, но и со предизвиците за негова заштита и заканите кои доведуваат до уништување на едно од последните природни мочуришта во Македонија.
Делегацијата оствари контакт со градоначалникот г-дин Љупчо Колев и со представници од локалното население кои беа вклучени во реализација на проектот.