Магичниот пат на органското производство во Виница
„Магичниот пат на органското производство“ ,на 17 јули, ги донесе земјоделците во Виница во посета на производители на органски мед и гоџи бери. Присутните имаа можност да се информираат и да разменат искуства поврзани со органското пчеларење, но и да стекнат знаење за производство на гоџи бери, култура која е нова на нашите простори и бара поспецифичен третман во одгледувањето.
Посетата ја организираа здруженијата „Хорти-еко“ од Струмица и „Агро Винка“ од Виница, двете партнерски организации кои ја спроведуваат иницијативата „Магичниот пат на органското производство“, а која е поддржана од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.