Прес на Ванковер Манчев-новиот претседател на ОК.Вмро-Дпмне Струмица
Новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Струмица, Ванковер Манчев, денес на прес конференција за медиумите официјално ја извести јавноста дека со одлука на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ е избран за претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
– Членовите и симпатизерите на нашата партија веќе знаат дека заедно го започнавме процесот на внатрешна консолидација и обединување на сите структури. Во таа насока ќе се продолжи и во периодот кој следува. Затоа во оваа прилика, сакам да ги повикам сите симпатизери и членови на партијата, но и сите оние кои сакаат да бидат дел од прогресивни промени, да пристапат кон нашиот тим и заедно да дејствуваме во насока на подобрување и унапредување на секој сегмент од општественото живеење во Струмица. ВМРО-ДПМНЕ има програма за нашата општина, програма која ги вклучува сите граѓани во градењето на нашата Струмица. Програма која се базира на проекти и планирање на иднина што умее да ги почитува традицијата, но и новите општествени текови.Довербата која ја добив од партијата за мене е поттик и можност заеднички да работиме, потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност, истакна Манчев.
Воедно тој ги покани и симпатизерите и членовите на партијата во недела во 20 часот на Леблебиџиската улица да го прослават 26 годишното постоење на ОК ВМРО ДПМНЕ – Струмица