Две години Дневен центар за децата со посебни потреби
Дневниот центар за децата со посебни потреби од Струмица, денес прослави две години од своето постоење. Дечињата пресреќни ги пречекаа гостите, а на штанд беа изложени предмети изработени од нивните вредни рачиња.
Во посета на Дневниот центар беше и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Струмица, Кирил Поп Трајков.Според него, Дневниот центар досега успешно работи, а во иднина доколку се во можност планираат истиот да се прошири.
Засега Дневниот центар за деца со посебни потреби од Струмица го посетуваат 10 дечиња. Во Република Македонија отворени се и функционираат 25 дневни центри за деца со умерени и тешки пречки во менталниот развој.