ЗАБРАНЕТО КАПЕЊЕ ВО ДОЈРАН – ВОДАТА Е ЗАГАДЕНА
Четири плажи на Дојранското езеро се забранети за капење, поради загаденост со фекалии. Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди трет степен бактериолошка и хемиска исправност на водата, односно фекално загадување на површината од езерото. Забраната се однесува на Градска плажа, Црвен крст, Златен брег и Калдрма а ќе трае се до подобрување на квалитетот на водата.
колекторот во Стар Дојран во моментов не работи и дека сеуште не се истакнати табли со предупредување до гостите за забраната за капење. Во Дојран има стотици туристи, но врвот на туристичката сезона се очекува во втората половина од јули и август. Многумина ги сметаат водите на Дојранското езеро за лековити, поради што меѓу гостите голем број се родители со мали деца.