Одбојкарите на СОУ „Никола Карев“ го освоија 16-то место на светското одбојкарско првенство

Машката одбојкарска екипа на средното општинско училиште „Никола Карев“ под менторство на наставниците Илија Јанков и Вера Божијанова Димитриевска, го освои 16 место на светското одбојкарско првенство што се одржа во Белград (Србија). На ова првенство за средношколци, учествуваа 32 екипи од исто толку училишта од целиот свет, а одбојкарите на СОУ ,,Никола Карев‘‘ своето учество на истото го изборија освојувајќи го првото место (без изгубен сет) на Гимназијадата во Куманово.
Денеска, во спортската сала на училиштето, на членовите на машката одбојкарска екипа им беа врачени сертификати за учество во првенството.
Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, издвоија 200.000,оо денари од буџетот за учество на одбојкарите на Светското првенство, со што уште еднаш ја потврдија поддршката за средношколскиот спорт и спортот воопшто..

Напишете коментар