По 6 ти пат фестивал на Источно црковно пеење
Викендот во храмот посветн на Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица, се одржа фестивалот на источно пеење.
На овогодинешниот фестивал кој се одржува во 6 ти пат, настапија хоровите Св.Теофил Струмички и Св.Роман Слаткопевец од Струмица, градскиот женски хор Менада од Тетово, машкиот хор Св.Ахил Преспански од Ресен, женскиот хор Св.Макрина од Битола.
Според организаторот Кире Козаров,овој фестивал е единствен од таков вид во државата,од идната година ќе биде изменет со што ќе се збогати неговата содржина форма и должина.