Жардинериите на градското корзо повторно мета на вандалско однесување
По кусо време од нивното поставување, жардинериите на градското корзо викендов повторно беа мета на вандалско однесување. Непознати сторители искршиле две жардинерии од кои едната само што беше заменета откако веднаш по поставувањето беше целосно искршена.
Од јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ велат дека искршените ќе бидат заменети со нови жардинерии но, повторно апелираат до граѓаните да престанат со нивното уништување и да покажат посовесно однесување кон урбаната опрема која што се поставува затоа што таа е во служба на сите граѓани на општина Струмица.