Младиот саксофонист Јани Малчев со награда на меѓународниот натпревар во Србија
На дванаесетгодишниот Јани Малчев веќе четири години најверен другар му саксафонот.
– Почнав да свирам од 3 одделение на 8 годишна возраст. Почнав со блок флејта (дувачки инструмент), а потоа по една година отидовме јас и мојот татко кај мојот професор за да избереме инструмент. Професорот ни покажа 3 инструменти- флејта, обоа и саксофон. Јас, бидејќи имав голема желба да свирам на саксофон, го избрав баш тој инструмент, раскажува Јани за своите почетоци.
Два пати во неделата Јани во музичкото училиште „Бори Џони“, под раководство на својот учител Динчо Илиев ги совладува тајните на саксафонот. За кусо време, благодарение на неговата упорност, Јани почнал да освојува награди.
– Имам освоено вкупно девет награди и тоа во Битола со блок флејта- прва награда, потоа со саксофонот во Струмица на општински натпревар прво место, во Штип на регионален натпревар прво место, на државен натпревар во Скопје второ место, потоа пак со саксофон во Охрид исто така прво место, потоа пак во Струмица на општински натпревар прво место, во Штип на регионален натпревар прво место, во Скопје на државен второ место и во Србија-Пожаревац второ место на меѓународен натпревар, вели Јани.
Во досегашното дружење на Јани со неговиот омилен инструмент во силно сеќавање му е ланскиот настап на Струмица опен фестивал, каде настапуваше на самото отворање со другите таленти од нашиот град. Но, вели дека круна на досегашната негова работа е настапот на меѓународниот натпревар „Дрвени дувачи“ што се одржа пред два месеци во престижното музичко училиште „Стеван Мокрањац“ во Пожаревац (Србија). Раскажува дека настапувал во првата категорија натпреварувачи. И покрај тоа што имал мала трема сепак негоивот настап бил успешен, а освоеното второ место на ова меѓународно натпреварув ање сведочи за квалитетите на Јани.
-Дојде мојот ред. Ме најавија и јас излегов на сцената и се помина како што очекувавме и се заврши во најдобар ред. Јас со нетрпение ги чекав резулатите и кога видов дека сум второ место бев многу среќен, вели Јани.
Следен предизвик за Јани е претсојниот настап во Ново Место (Словенија). Дотогаш вели дека вредно ќе вежба заедно со својот учител за да може да ги достигне посакуваните височини и еден ден да стане виртуоз на саксафонот.
Преземено од Југоинфо.МК