Утре 15.06.2016 ќе се одржи ЈО-ЈО фестивалот на детски песни
Утре (15.06.2016г.) со почеток во 20 часот во центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи фестивалот на детски песни ЈО – ЈО 2016. На фестивалот ќе учествуваат 20 деца за кои веќе се направени песните и изработено е ЦД со 20 новокомпинирани песни. Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев со финансиската поддршка која што ја обезбедија за фестивалот, уште еднаш ја потврдија континуираната поддршка на најмладите, посебно, во промоцијата на нивниот талент, а преку кој ја промовираат и Општината.
На фестивалот му претходеше аудиција за деца-музички таленти во основните училишта во општина Струмица која траеше четири месеци. Таа се одржа во седум училишта, а во неа учествуваа вкупно 415 деца на возраст од 5 до 12 години. Аудицијата траеше 4 месеци, беа избрани 35 деца- финалисти и истите се стекнаа со право на учество на Фестивалот. На крајот беше победник на аудицијата – Анастасија Цамбулева од основното училиште „Сандо Масев“ од Струмица.
Во периодот додека траеше аудицијата, беше распишан конкурс за текстови и музика за детски песни, на кој пристигнаа материјали од врвни музичари од Струмица и поширокиот регион, а врз основа на кои се изработија новокомпонирани песни за деца, за потребите на Фестивалот ЈО-ЈО 2016.
Влезот за фестивалот е слободен.