Димитар Бајрактаров најдобар програмер во Македонија
Агенцијата за млади и спорт во соработка со ФИНКИ и Здружениетo на информатичари на Македонија втора година по ред го реализираа проектот наречен “Најдобар млад програмер”. По тој повод денес во просториите на Агенцијата се доделија ваучерите за шесте најдобри млади програмери.Првите две места и 40.000 денари отидоа кај Владимир Максимовски и Димитар Барјактаров, додека па двете втори места и ваучер од по 25.000 денари освоија Никола Стојкоски и Душан Терзиќ. Третите места и 15.000 им припаднаа на Филип Михов и Марко Чаласан. Дополнително, најдобрите млади програмери, од страна на ФИНКИ, ќе добијат стипендии за бесплатно студирање на факултетот.
Агенцијата за млади и спорт и во текот на 2016 година ќе продолжи со проектите за поддршка и развој на младите луѓе.
Преземено од Македонија24