Ване Костуранов со Улица Љубов пред љубителите на ликовната уметност во Струмица
Струмичани имаа можност да ја погледнат јубилејната изложба на младиот уметник Ване Костуранов наречена Улица Љубов.Салата во центарот за култура беше преполна со гости кои сакаа да прошетат по улицата љубов,односно да ги погледнат ликовните дела на Костуранов.Сликите се работени во период од една година и се во стил акрил на платно .
Ване Костуранов досега има учествувано на повеќе ликовни манифестации,оваа му е јублијна десета по ред изложба.Претходно Улица Љубов беше прикажана пред публиката во Скопје каде предизвика големо внимание и посетеност.
За сите што го пропуштија отворањето,ликовните дела од Улица Љубов ќе бидат изложени уште две недели во ценарот за култура Антон Панов во Струмица