Проектна документација за водоводи во Дражево,Борисово и Самоилово

Градоначалникот на општина Ново Село г-дин Блажо Велков, потпиша договор за “Изработка на проектна документација до ниво на основен проект за изградба на водоснабдителни системи во Самоилово, Дражево и Борисово” во просториите на Бирото за регионален развој при министерството за локална самоуправа.
Вредноста на овој договор изнесува 610,000 денари од кои 450,000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој а останатите средства се обезбедени од Буџетот на општина Ново Село.
По изработката на проектната документација за водоснабтителни системи истите ќе се аплицираат при Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој за нивна изградба.

 

Напишете коментар