НЕ ИМА, ЗЕМЕТЕ НЕ ВО ПРЕДВИД! Критична Маса #7
На онлајн анкетата спроведена од СтрумицаНаТочак, на прашањето: дали возите велосипед, 82 % одговориле дека возат велосипед. Не има, земете не во предвид !!! На прашањето: дали сметате дека велосипедот треба да се користи како превозно средство, 96% одговориле со ДА. Не има, земете не во предвид !!! На прашањетo: дали подржувате планирање и реализирање на велосипедска инфраструктура во Струмица, 93% одговориле со ДА. Не има, земете не во предвид !!! Свесни сме дека Струмица нема услови кои овозможуваат непречено возење велосипед и сите сакаме тоа да се смени. Свесни сме и дека не сме третирани како рамноправен дел од сообраќајот, и од оние кои го планираат, и од оние кои се дел од него по улиците и сите заедно треба да се избориме тоа да се смени! Биди дел од промената, градот е она што прават граѓаните. Да инспирираме возењето точак како превозно средство да дојде на дневен ред во животите на нашите сограѓани и во сликата за Струмица на одговорните! Сакаме подобри услови за поголема привлечност на велосипедот како превозно средство за сите генерации и групи на граѓани! Со возењата во Критична маса покажуваме дека не’ има многу велосипедисти во Струмица и дека е потребно да се обезбедат услови за наше безбедно сообраќање, но исто така покажуваме и свесност за самите себе и останатите учесници во сообраќајот.Да излеземе и да и покажеме на Струмица дека точаците стануваат критична маса.
Вози точак секој ден, а на Критична маса во среда на 01 Јуни, Среда, 19.00 часот.
Нека нè има што повеќе, дојдете да се видиме и да нè видат!