Во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино одбележан Денот на училиштето
Учениците, наставниците и родителите од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од населеното место Муртино, го одбележаа Денот на училиштето со голем број воннаставни активности од областа на природните науки, историјата, граѓанското образование, спортот и ликовната и музичката уметност.
Во духот на заедничката соработка и меѓуетничката интеграција во образованието, како гости на училишните активности присутни беа учениците и наставниците од ООУ „Гоце Делчев“ од село Вељуса.
Во рамките на програмата за одбележување на патронатот, преку проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје (МЦГО), финансиски поддржан од страна на Детската фондација Песталоци и општина Струмица, беше реализирана завршна активност на секцијата која оваа година ги спои знаењето, науката и меѓуетничката соработка.