ОК Струмица, кадетски шампиони на Македонија

Одбојкарскиот клуб Струмица, вчера станаа шампиони во кадетска конкуренција со победата против ОК Мавис од Штип со резултат од 3-0 во сетови. Натпреварот се одигра во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Во овој натпревар не настапуваше капитенот Стојан Илиев кој што е на подготовки со сениорската репрезентација на Македонија во Маврово. Инаку ОК Струмица на оваа првенство не е поразена воопшто 5 години по ред. Тренер на шампионите е актуелниот Кире Ричлиев.
13278196_10206748798620890_950660621_n

Напишете коментар