СДСМ- Денес во Струмица се случи парада на луѓе без образ
Почитувани,
Денес во Струмица се случи парада на луѓе без образ.
Денес во Струмица дојде дел од
криминалната банда на ВМРО ДПМНЕ
предводена од Никола Груевски. Оние кои цела
деценија ги крадеа, омаловажуваа,
осиромашуваа и понижуваа граѓаните, денес
дојдоа во Струмица да глумат душегрижници.
Не поминуваат парадите на аболицираните
криминалци од ВМРО-ДПМНЕ.
Апсурдите од таков вид во режија на Груевски и
ВМРО ДПМНЕ се веќе видена работа.
Но, светската историја не памети еден премиер
на држава цел час да чека да пристигне еден
претседател на политичка партија. Такво
понижување денеска му се случи на премиерот
Емил Димитриев кој беше принуден понизно да
го чека Никола Груевски.
Од овој денешен настан произлегуваат неколку
клучни прашања на кои ненародната,
криминална власт во заминување треба да
одговори:
Прво: Зошто поставувањето на камен
темелникот се случува токму денес кога
Собранието на Република Македонија, на
срамен начин и по скратена постапка сака да ги
спаси криминалците на ВМРО ДПМНЕ за
сторените недела?
Второ: Кои луѓе ќе бидат вработени во новата
фабрика кога власта на ВМРО ДПМНЕ и
Никола Груевски ги истераа младите од
државата, поттикнувајќи го најголемиот егзодус
на македонските граѓани на сите времиња?
Трето:Ако се грижеа премногу за странските
инвестиции во Струмица, зошто ги кочеа и
оневозможуваа инвестициите од типот на
Стијалафилко? Поради негрижа за економијата
или за инает на Зоран Заев и СДСМ?
И четврто: Зошто власта упорно молчи, немајќи
доблест да признае, дека привлекувањето на
Џонсон контролс во Македонија е дело на
СДСМ и успешноста на општина Струмица како
најдобро место за инвестирање, благодарение
токму на Зоран Заев?
Резимето од сето ова би било.
Доцна е за Груевски и неговите соработници да
поправат нешто што не се поправа. Нивната
песна е веќе испеана.
Нема спас ниту за аболицираниот Груевски,
ниту за неговото друштво.