КОНТЕКСТ: Излезе е-книгата „Поетискон“
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ од минатата година ја реализира интерактивната програма Школа за поезија – Делегација Македонија, која е дел од Светската унија на поети.
„ПОЕТИСКОН“ Едиција I – е првата е-збирка на Школата за поезија – Делегација Македонија, која настана како резултат на првата официјално организирана манифестација во Македонија, по повод две години од постоењето на Светската унија на поети (W.U.P.).
Во текот на месец август 2015 година, од страна на италијанскиот нобеловец за литература, писателот и поет Силвано Бортолаци беше започната иницијатива за отварање на одделни делегации на Школата за поезија (Scuola di poesia) во име на Светската унија на поети (Unione mondiale dei poeti) ширум светот.
Во „ПОЕТИСКОН“ Едиција I се застапени повеќе од 50 автори членови на групата Школа за поезија – Делегација Македонија.
На 25 април 2016 година се организираше двегодишнина од постоењето на Светската унија на поети (W.U.P.). Како дел од истата функционираат делегации, односно школи за поезија (Scuola di poesia) во неколку држави во светот меѓу кои и Македонија, која почна да функционира во август 2015 година, по прогласувањето за амбасадор на Митко Гогов, концептуален уметник, поет и граѓански активист од Македонија, од неодамна и директор во организацијата на територија на цел свет со специјална титула од 18° на 24 при W.U.P.
Во моментот во делегацијата на Македонија членуваат повеќе од 200 членови, а ова беше прв теренски официјален настан, кој освен со читањето реализирано во Скопје го финализира првиот круг на постоење со публикацијата на овој зборник/ алманах во кој се застапени речиси сите поети членови на делегацијата на Македонија кои споделија дел од своето творештво во затворената група која функционира како online секција.
Главната цел на Школата за поезија – Делегација Македонија е да ги мобилизира поетите од Македонија и пошироко во име на поезијата, преку вмрежување, размена, промоција и афирмација на авторите кои творат на територијата на нашата држава.