Не ме фарбај и во Струмица
И струмичани се приклучија кон Иницијативата “Не ме фарбај” и ги поддржа активностите на големиот број граѓани кои одлучија да ги отстранат остатоците од шарените паради од спомен одбележјата на македонската историја и државност. Им благодариме на сите граѓани, на сите патриоти кои не сакаат да ја гледаат сопствената земја како низ неа да поминале и свои траги оставиле грчки или бугарски ултра-националисти.