ДЕЧИЊАТА ОД ГРАДИНКАТА КЛОН 2 ОРГАНИЗИРАА СВЕЧЕНА ПРИГОДА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА 7 МАЈ
Со народни носии, песни и ора, дечињата од градинката Клон 2 денес приредија свечена забава по повод Денот на полицијата. Традиционално и оваа година, заедно со своите воспитувачи тие организираа забавна програма и на сите полициски службеници им го честитаа денот на полицијата 7 мај.
Како дел од овој празник, полициските службеници ги запознаа најмалите дечиња со својата работа. Тие рекоа дека се горди што се припадници на безбедносните сили и имаат голема чест што ја бранат и чуваат сопствената држава.
Инаку традиционално секоја година, 7 мај се одбележува како Светски ден на полицијата.