Ѓурѓовденски коњски трки во Василево по седми пат
Дваесетина коњи од Општина Василево и соседните општини учествуваа во денешните традиционални Ѓурѓовденски трки, кои седма година по ред се одржуваат под покровителство на општина Василево.
Најбрз беше коњот Сречко на Џоче Цветков кој успеа прв да стигне на целта и да ја освои првата награда.
Награди добија и второпласираниот Сами Дермишев и третопласираниот Никола Андонов и двајцата од Иловица. Ѓурѓовденските коњски трки од година во година стануваат се поатрактивни, привлекувајќи се поголем број граѓани кои уживаат во овој несекојдневен настан со кој на оригинален начин во општина Василево се одбележува празникот Ѓурѓовден.
Организатор на настанот е Панче Митев од Василево, син на Добре Митев на чија иницијатива пред седум година започнаа да се организираат Ѓурѓовденските коњски трки во Василево.